Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО бара Владата веднаш да ја укине радиодифузната такса, Заев вели најбрзо до октомври

ВМРО бара Владата веднаш да ја укине радиодифузната такса, Заев вели најбрзо до октомври

Радиодифузната такса ќе се укине само е прашање на време. И покрај притисокот на опозициските пратеници на денешната седница во Собрание по брза постапка да се протнат измените во законот со кои се предвидува укинување на радиодифузната такса, мнозинството пратеници го одбија предлогот на ВМРО ДПМНЕ.

Причините да се измени законот по брза постапка, како што рече Милошоски, се за да може навреме да се планира најавениот ребаланс на буџетот, како и спроведување на реформи во МРТВ.

„Претставниците, пратениците во Собранието кои што ја  добиле довербата на граѓаните а кои што припаѓаат на владеачкото мнозинство ветиле укинување на радиодифузната такса. Укинување на радиодифузната такска веднаш. Затоа овој предлог закон за укинување на радиодифузната такса веднаш, бараме да биде расправан, разгледан и изгласан по скратена постапка“, истакна пратеникот Антонијо Милошоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓутоа, овој предлог на опозиционерите не доби зелено светло од Собранието.

Претходно, беше одбиен и прелогот за измени по брза постапка во Законот за јавно обвинителство со кој ВМРО-ДПМНЕ бараше јавниот обвинител да го предлата опозцијата и тој да се избира со двотретинско мнозинство.

Премиерот Заев пак одговарајќи на новинарско прашање по оваа тема рече дека најскоро во октомври може да се очекува да се укине радиодифузната такса, бидејќи како што посочи тој Владата има обврска да најде пари за да гарантира финансиска независност на МРТВ.

„Се надевам дека во ребалансот на буџетот ќе најдеме средства ако не повеќе барем во последниот квартал да ја нема радиодифузната такса. Наша цел е барем во почетокот на септември или почетокот на октовмри да ја укинеме“, изјави премиерот.

Слично

Поврзани вести