Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО -ДПМНЕ најавува масовни протести за мај

ВМРО -ДПМНЕ најавува масовни протести за мај

Опозицијата за оваа пролет најавува сериозни и жестоки чекори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да не го потпише законот го нарече државнички чекор и овој закон според него не заслужува потпис.

„Овој закон нема и не смее да профункционира зашто е донесен во недемократска и непроцедурална атмосфера  и на насилен начин од парламентарното мнозинство“-  рече Мицкоски.

Ги негираше тврдењата дека ВМРО-ДПМНЕ имала договор со ДУИ за Законот кој беше силно осуден и од меѓународната заедница. Тој истакна дека Македонија нема друга опција, заслужува подобро и има надеж која што ќе ја направи европска држава на среќни граѓани.

„Тоа е алтернативата, тоа е сонот на многу граѓани, а не понижена, омаловажена и со поднаведната кичма што сега е реална ситуацијата во Република Македонија“- вели тој. 

Мицкоски вели дека оваа власт нема контрола врз ситуацијата. Најави масовни протести во мај за распишување на предвремени парламентарни избори. 

Слично

Поврзани вести