ВМРО - ДПМНЕ го тргна Стефковски од претседателското столче на општинскиот комитет во Гази Баба
Актуелниот градоначалник на Гази Баба Бобан Стефковски, повеќе не е претседател на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ. Со вчерашната кадровска промена, тој е заменет со пратеникот Зоран Коцевски.
„По цели 8 години, завршува мојот мандат како претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба. За нов претседател на Општинскиот комитет е избран Зоран Коцевски, пратеник во Собранието на Македонија. Му честитам од срце и му посакувам многу успех, мудрост и нови победи за ВМРО-ДПМНЕ. Пред 8 години преземав комитет во тешка опозиција и кадровска криза. Денес оставам силен, обединет и победнички комитет — БАСТИОН на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, со огромен кадровски потенцијал и силна енергија“, напиша Стефковски на социјалните мрежи.
Актуелниот градоначалник на Бутел, Дарко Костовски, останува на претседателското место на општинскиот комитет.
Карпош го доби Тони Јаревски, актуелен пратеник во собранието на Македонија.
