Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО - ДПМНЕ СИ ЗАМИНА ОД КОМИСИЈА: Порачаа дека за одговорност ќе се видат на 12 април

ВМРО - ДПМНЕ СИ ЗАМИНА ОД КОМИСИЈА: Порачаа дека за одговорност ќе се видат на 12 април

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија Комисијата за европски прашања, а вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров ги обвинија за антиевропско однесување.

Со фотографија на министерот и вицепремиерот кога тие лани се пофалија со датум, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски од говорницата  ги обвини за ширење лажни вести и ги повика на одговорност. Тој рече дека за одговорност ќе се видат на 12 април, на денот на изборите. 

Димитров вели дека политичка дрскост е ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат за ЕУ и НАТО затоа што тие не оддалечиле од тој план. 

Заедно со Османи тврдеа дека она што беше до Владата, е исполнето. 

Димитров и Османи даваа отчет за сработеното, но и за француското „не“ на самитот во Брисел, каде Македонија не доби датум за почеток на преговори со ЕУ. Датум не доби ниту соседна Албанија. 

Слично

Поврзани вести