Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО - ДПМНЕ обвини дека СДСМ извезува корона

ВМРО - ДПМНЕ обвини дека СДСМ извезува корона

Индустријата тоне, а Македонија со СДСМ извезува корона, обвинуваат од ВМРО - ДПМНЕ.

„СДСМ го уништи стопанството. Падот на индустриското производство 1 јануари до 30 јуни оваа година бележи пад од 14.6% во однос на лани. Граѓаните остануваат без своите работни места поради неспособноста на власта. Бројот на работници во индустријата од 1 јануари до 30 јуни оваа година во споредба со лани е помал за 4.4%. Македонија станува извозник на корона поради грешки во протоколите на власта. Транзитот на болни од корона низ Македонија е грешка на власта на СДСМ. Туристичките работници бараат субвенции за плати, власта молчи и остава секторот да тоне“, обвинуваат од партијата. 

Во авион кој летал до Финска од Скопје имало 24 позитивни случаи на коронавирусот.

Слично

Поврзани вести