ВМРО - ДПМНЕ ЌЕ ИМА КАНДИДАТИ ЗА ПРAТEНИЦИ АЛБАНЦИ: Велат сите кои имаат квалитети се добредојдени
ВМРО-ДПМНЕ планира да има и Албанци кандидати за пратеници.
Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски вели дека е во контакт со Албанци и потенцијални кандидати од други етнички заедници.
„Секој што има амбиции, квалитети и одговорности да работи за Македонија и да не се срами како оние министри што се срамат да покажат дека се македонски министри и се срамат да се сликаат покрај македонското знаме, се добредојдени“, рече Мицкоски.
Опозицискиот лидер го повтори ставот дека ВМРО на следните избори цели да освои најмалку 61 пратеник, а приоритет за партнерство ќе има албанската опозиција.
Слично
