Влез во Грција само до 22 часот: ПЦР за деца постари од шест години
Правилата за влез во Грција што предвидуваат задолжителен PLF формулар и една од трите опции: сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест или потврда за прележан Ковид-19, продолжени се за уште една седмица и важат до 14 јуни 2021 година, а Северна Македонија и понатаму е меѓу земјите за кои постои исклучок од забраната за патување во Грција за државјани на трети земји, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерската одлука веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила утре, во 6 часот наутро, а воведени се неколку промени, кои во петокот ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас.
Негативниот ПЦР тест за влез во Грција, наместо од петгодишна возраст, задолжителен е за сите со наполнети шест години, 14-дневната изолација на позитивните случаи се заменува со десетдневна или со седумдневна доколку се работи за лице кое е веќе вакцинирано, а на листата земји за кои е дозволен влез во Грција додадена е Црна Гора.
Паралелно, истите правила и рестрикции што важат и за грчките државјани, важат и за странските туристи, како што се задолжителна употреба на маска и на отворено и на затворено, забрана за движење по 00.30 часот, поради полицискиот час, задолжително одржување дистанца итн.
Кон Северна Македонија отворен е само граничниот премин Евзони (Богородица) со работно време од 7 до 23 часот по локално, односно 6 до 22 часот по македонско време.
Фактор денеска објави дека се појабиле сајтови кои нудат пополнување на ПЛФ формуларот за пари, а тој е бесплатен. Детали овде
