ВЛЕН: Ахмети плаче за улицата, оти му се лизга тронот од раце и лажицата од уста
Овој пат ниту улицата нема да го спаси Али Ахмети, велат од ВЛЕН. Велат дека лидерот на ДУИ се плаши од правдата и од гласовите на народот.
„Дваесет години на власт и никогаш на улица за народот, секогаш во тишина за правдата. Сега кога системот што си го изгради за себе се руши, Ахмети плаче за улицата, оти му се лизга тронот од раце и лажицата од уста“, се вели во реакцијата на ВЛЕН.
Оттаму го прашуваат Ахмети каде бил кога во времето на неговото владеење со поранешниот премиер Никола Груевски, Албанците се гушеа по затвори и кога на нивното име се лепеше етикетата „терорист“.
Според заканите на Ахмети, доколку екс министерот за економија Крешник Бектеши се најде на обвинителна клупа за пожарот во „Пулс“ во Кочани, ДУИ излегува на улица.
Слично
