ВЛЕГУВА ЛИ АЛИЈАНСА ВО ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО - Павле Трајанов откри дека осум пратеници чекаат да станат дел од власта
Осум пратеници од опозицијата чекаат да влезат во владејачкото мнозинство, изјави вчера пратеникот Павле Трајанов по лидерската средба, алудирајќи на пратеничката група на Алјансата на Албанците.
По оваа изјава, се поставува прашањето дали ќе се зголемува владиното мнозинство многу скоро и дали на тој начин се затвора вратата за можни предвремени парламентарни избори какви што бара опозицската ВМРО-ДПМНЕ, што се случи и вчера по лидерската средба. Сепак, и ваквиот потенцијален политички трансфер, не е доволен да се стигне до посакуваната бројка за устани промени.
– Се отвори темата за предвремени избори, доколку не обезбедиме единство за сите овие важни прашања и државата не ја движиме напред, можеби оваа тема логично ќе се наметне до партиите коишто се за промена на Уставот, доколку добијат поддршка тоа ќе можат и да го направат. Со мене или без мене, владејачкото мнозинство топ не го бие, затоа што има уште една партија од опозицијата која има оусм пратеници и чекаат да бидат дел од мнозинството, изјави Трајанов во врска со темата предвремени парламентарни изјави.
