Влегол во продавница, а крадци му го украле автомобилот
Крадци на скопјанец му го украле автомобилот додека пазарувал во продавница на булеварот Партизански одреди во Скопје.
В.Н.(34) од Скопје денеска пријавил во полиција дека синоќа околу 01 часот по полноќ две машки лица му го украле автомобилот марка „форд куга” со скопски регистарски ознаки. Крадците го искористиле невниманието на пријавителот кој го оставил возилото да работи и отишол да купи производи од маркет.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата и возилото, и за целосно расчистување на случајот.
Слично
