Економија, финансии, бизнис

Контакт

Влегле во куќа во Куманово, ја ограбиле и ги тепале сопствениците

Влегле во куќа во Куманово, ја ограбиле и ги тепале сопствениците

Млади разбојници влегле во куќа во Куманово, ја ограбиле и ги тепале сопствениците. 

Против двајца млади кумановци е поднесена кривична пријава откако на крајот на август влегле во куќа во градот, сопственост на брачна двојка, ја ограбиле и ги нападнале сопствениците. 

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.И.(29) и В.И.(20) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба”. На 30.08.2021 на ул.„Доне Божинов” во Куманово, пријавените влегле во куќа, сопственост на М.З. и У.З., одзеле предмети и физички ги нападнале сопствениците, кои ги затекнале на местото“, се наведува во полициското соопштение.

Слично

Поврзани вести