ВЛЕГЛЕ ДА РАЗГЛЕДААТ ЗЛАТЕН НАКИТ И ЗАМИНАЛЕ БЕЗ ДА ПЛАТАТ - уаспени државјани на Романија за кражба
Двајца романски државјани се уапсени веднаш откако извршиле кражба во златарница, објави Министерството за внатрешни работи. Романците, кои се се уште тинејџери, се фатени во централното градско подрачје во Скопје, но полицијата не открива за која локација точно станува збор.
- На 30.12.2025 во 12:10 часот во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода В.Л.П.(19) И Ф.И.П.(19), двајцата од Романија, поради сомнение дека извршиле кражба во златарница во трговскиот центар.
Имено, претходно, тие влегле во златарницата и побарале да разгледаат златен накит, а откако била извадена футрола со употреба на сила ја земале од вработената и побегнале.
Набргу, по преземени мерки, на излез од трговскиот центар се фатени и лишени од слобода и кај нив се пронајдени 43 парчиња златен накит. Одземеното е вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава - се наведува во објавата од МВР.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
