Економија, финансии, бизнис

Контакт

Влатко Васиљ: Украдени се 1.6 милијарди денари за да не се направат двојазични

Влатко Васиљ: Украдени се 1.6 милијарди денари за да не се направат двојазични

Влатко Васиљ на сатиричен начин ги коментира најновите протести на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ особено по денешниот прес на СЈО каде беше откриена новата истрага „Труст“ за проневера на државни средства и местење на тендери.

- Сите вие што се уште се сомневате во протестите што се случуваат, како и во патриотизмот и зачувувањето на државата од нарачателите на овие протести, мислам дека денешниот прес на СЈО многу јасно и убаво ја објаснува целата ситуацијата: Украдените 1 милијарда и 60 милиони денари се земени само со една цел, тие ЕДНА МИЛИЈАРДА И 60 МИЛИОНИ ДЕНАРИ се земени само за да не се направат двојазични.

За оние што не се замараат со денари, 1 милијарда и 60 милиони денари се околку 17 милиони евра. ЗАЕДНИЧКИ 17 МИЛИОНИ ЕВРА. Просто кажано, колку еден месечен приход на околу 68 000 луѓе со 250 евра месечна плата. Појасно ти е? Океј, сега можеш и ти слободно да протестираш за спас на националните интереси на Македонија, напиша Васиљ на Фејсбук.

Слично

Поврзани вести