Влатко Неделковски избран за нов декан на Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Професорот Д-р. Влатко Неделковски од Факултет за физичко образование, спорт и здравје - Скопје е избран за нов декан на оваа високонаучна обрзовна институција.
Неделковски од 2008 година е вработен на Факултетот како помлад асистент на катедрата по ракомет, веќе во 2011 година беше избран за асистент магистер на предметот ракомет.
Дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје во 2002 со просечен успех 9.21. Предвидените испити од последипломските студии ги положил со просечна оценка 9.83 и го одбранил магистерскиот труд во 2011 на тема: Анализа на Меѓугрупните разлики и влијанието на елементите од нападот во ракометната игра врз успехот на натпреварите од машкото европско првенство во Австрија 2010.
