Влатко Илиевски пронајден мртов во автомобил
33 годишниот македонски пејач Влатко Илиевски, поранешен член на легендарниот рок бенд Морал и досегашен водител на музичкиот фестивал „Златно Саавејче“ утрово бил пронајден во безживотна состојба во автомобил во Скопје.
Според информациите, Илиевски бил најден во моторно возило марка Тојота на Булеварот Трета Македонска бригада.
Од полицијата ја потврдија оваа информација. Велат дека на местото е извршен увид од страна на Јавен обвинител и телото е предадено на обдукција.
Нема информации кои се причините за смртта.
Слично
