Економија, финансии, бизнис

Контакт

Влатко Ѓорчев се уште без реална конкуренција

Влатко Ѓорчев се уште без реална конкуренција

Кандидатот за претседател на Македонија на следните ибори од редовите од ВМРО-ДПМНЕ е се уште без реален внатрепартиски конкурент за номинација на уште четири дена до затворањето на огласот за аплицирање.

Портпаролот на најголемата опозициска партија Димче Арсовски потврди во изјава за Канал 5 дека се уште и натаму има само една апликација пристигната на адресата на ВМРО-ДПМНЕ.

- Како што потврди генералниот секретар Игор Јанушев, асега е пристигната само една апликација и една има во најава а која наете дека веќе е јавно обелоденета пред граѓаните. Огласот се затвора на 31 јануари, а потоа во следните неколку дена комисија ќе разгледува дали се исполнети сите критериуми - изјави Арсовски.

Пред неколку дена Дојче Веле објави дека Ѓорчев засега има само еден конкурент кој е непознат за широката јавност.

Останува да се види дали анонимниот апликант ќе треба да симулира конкурент против Ѓорчев на гласањето на партиската конвенција.


Слично

Поврзани вести