Економија, финансии, бизнис

Контакт

Влатко Ѓорчев посети место во Буча каде што имало масовна гробница

Влатко Ѓорчев посети место во Буча каде што имало масовна гробница

Поранешниот пратеник и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, е во посета на Украина деновиве, а објави и фотографија од двор од црква во Буча, место за кое што тврди дека постои масовна гробница.

По руската инвазија, Буча беше едно од најзасегнатите места каде што се водеа жестоки борби и каде што потоа украински и западни медиуми објавија дека таму има голем број цивилни жртви.

„Заедно со отец Андриј од Православната црква на Украина. Солидарност и поддршка за неговата работа. Во дворот на оваа црква во Буча минатата 2022 година за време на руската окупација во масовна гробница беа закопани 116 егзекутирани луѓе. Украина е убава земја со многу трагедии. Почит за жртвите, нека почиваат во мир“, напиша Ѓорчев, кој вчера пристигна во Киев.


Слично

Поврзани вести