Економија, финансии, бизнис

Контакт

Влатко Ѓорчев го испочитува делото на Киро Глигоров

Влатко Ѓорчев го испочитува делото на Киро Глигоров

Пратеникот Влатко Ѓорчев денеска на резидентните гробишта во Бутел ја предводеше делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на седумгодишнината од смртта на поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров.

„Почит и сеќавање за Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија и учесник во АСНОМ. Штипјанец и Македонец. Се вложи себеси во градењето на независна Македонија. Вечна му слава“, напиша Ѓорчев на својот профил на Фејсбук.

Глигоров беше првиот претседател на Македонија од 1991 до 1999, а почина во 2012-та на 1 јануари.


Слично

Поврзани вести