Влатко Ѓорчев: Да бев пратеник, денеска немаше да се вакцинирам
Влатко Ѓорчев, еден од најдолгогодишните пратеници во историјата на македонското Собрание, вели дека денеска немало да се вакцинира доколку бил народен избраник во Собранието. Поранешниот глкасноговорник на ВМРО-ДПМНЕ порачува дека пратениците треба да го отстапат редот на ранливите групи на граѓани.
„Да бев пратеник, денес НЕМАШЕ да се вакцинирам. Ќе ја препуштев мојата “пратеничка” вакцина на некој постар, некој со хронични заболувања, некој медицински работник, лице со посебни потреби или слична категорија.
НЕ е во ред пратениците да добијат привилегија меѓу првите да се вакцинираат. Ако ја добијат, тогаш треба да ја одбијат. Имам разбирање ако се вакцинира пратеник НАД 65 години, со хронични заболувања, исто како другите граѓани.
Не е во ред да се вакцинира некој пратеник со 27, 30 или 40 години, во добра здравствена состојба“ напиша Ѓорчев на Фејсбук.
Слично
