Властите од Хамбург платиле 30.000 евра за да „депортираат“ двајца Македонци-азиланти со авионска амбуланта
За двајца заболени азиланти од Македонија властите на Хамбург платиле 30.000 евра за да бидат пренесени дома со авионска амбуланта, објави „Ди Велт“.
Опозицијата доби одговор на прашање за информацијата колку вакви баратели на азил биле „депортирани“ на ваков начин, при што регионалните власти по проверката на податоците објавија дека се работи за двајца Македонци и еден Ганец.
Опозицијата го оцени овој акт како „нечовечки“, а властите тоа го оправдале со изолирани случаи откако на истите барањата за азил им биле одбиени во 2017-та.
Од таму одговориле дека летот бил со медицински услуги, а имиграциските властисе осигурале дека нивната земја ја има на располагање соодветната медицинска нега и лекови.
Станува збор за емигранти на возраст од 55 и 58 години, кои биле вратени во Македонија во 2017-та, откако дошле во Германија во 2013 и 2014 година.
За Ганецот биле платени 58.000 евра да се транспортира на ист начин.
