Власта уште не дозволува организирање на свадби
Нема договор меѓу власта и угостителите за организирање на свадби.
Средбата меѓу организаторите на свадби со вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот на Пазарен инспекторат, Стојко Пауновски денеска заврши без договор. Во најскоро време тие ќе треба да достават нов предлог на протоколи, за кој Комисијата за заразни болести ќе треба да одлучува. Организаторите на свадби бараат да работат како и останатите кафеани. Тие од јуни месец немаат работа. Угостителите досега организираа неколку протести, бидејќи се погодени од пандемијата.
На последниот протест угостителите во разговорот со Битиќи посочија дека помошта што ја добиваат од државата не е доволна и дека бараат да им се дозволи работа по протоколи на а-ла-карт рестораните, бидејќи сметаат дека објектите се доволно безбедни за да почнат со работа.
