„ВЛАСТА НАМЕРНО СОЗДАВА ПРОБЛЕМИ“ - Еве што вели Хајредини за решенијата во последен момент
Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, кој важи за „дежурен“ критичар на власта попладнево со нова иронична објава на својот Фејсбук профил.
Овој пат, својата објава ја посевети на владино решение за продолжувње на роковите за менување на возачките дозволи, но и за покривање на трошоците на граѓаните за менување на возачките дозволи, личните карти кои граѓаните се обрврзани да ги менуваат поради промената на името на државата, како и трошоците за патните листи кои сограѓани кои се затекнати во странство треба да ги извадат од амбасадите за да можат да се вратат во Македонија.
- Власта изгледа дека намерно создава проблеми, за потоа да се фали дека успешно ги решава - напиша Хајредини.
Слично
