Економија, финансии, бизнис

Контакт

Власта и опозицијата сложно го одбија предлогот за намалување на патните трошоци, велат од Левица

Власта и опозицијата сложно го одбија предлогот за намалување на патните трошоци, велат од Левица

Власта и опозицијата сложно го одбија предлогот за намалување на патните трошоци на пратениците, реагираат од Левица. 

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пратениците, поднесени уште во април, пратениците одбија да го стават на дневен ред.

„Измените, предложени од нашите пратеници Димитар Апасиев и Борислав Крмов, предвидуваат намалување на патните трошоци за пратениците во Собранието. Левица предложи промена во членот 31, каде наместо досегашните 20% од продажната цена на еден литар гориво, пратениците да добиваат надоместок до максимум 5%, со што надоместокот практично се сведува на вредност од автобуски билет. На поднесеното барање за оваа точка да биде ставена на дневен ред, од присутните 108 пратеници на вчерашната седница, само 19 пратеници гласаа ЗА. Намалувањето на патните трошоци се тема сензитивна за јавноста, а граѓаните уште од поодамна го имаат ова барање. Патем, ова прашање е ветување кое речиси го има во програмите на сите политички парти, но, во пракса, никој досега од нив не се заложил за ова, особено не владејачките СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, соопштија од Левица. 

Пратениците од Левица се обидоа оваа идеја да ја застапат преку личен пример и се единствените пратеници во Собранието кои се откажаа од патните трошоци.

Во изминатите години имаше критики затоа што многу пратеници трошеле огромни суми за патни трошоци. 

Слично

Поврзани вести