Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА СИ ДАДОА НОВИ ПРЕКАРИ ВО СОБРАНИЕТО: Топ-шоп премиер и дормео-опозиција

ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА СИ ДАДОА НОВИ ПРЕКАРИ ВО СОБРАНИЕТО: Топ-шоп премиер и дормео-опозиција

Првиот дел од денешната собраниска расправа на која вечерва, најдоцна до полноќ треба да биде избрана новата влада, заврши со многу обвинувања, реплики, контрареплики...

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев од говорницата упати остри критики за предложените министри, а на манадатрот Зоран Заев му го даде прекарот топ-шоп премиер.

Во однос на програмата на Владата за наредните четири години од областа на економијата, Јанушев истакна:

-Три години по ред слушаме како ветува економска година, ветуваше и патишта, мислам дека нема да остане зелена површина по мандатот на топ шоп мандатарот. И сето ова вели ќе го направат со чесни стручни докажани кадри. Народот има една поговорка „мижи Асан да ти баам". И од вчера сум овде присутен, барам гледам, се вртам да ги видам чесните, стручни, докажани кадри, но нема ниту еден таков. Тука е Шекеринска синоним за транзиционен неуспешен и неспособен политичар, кој во свото CV има афери, бонбона бизнис, продажба на ЕСМ, афери со становите, рече Јанушев од собранискатаговорница.

Веднаш потоа манадатрот Зоран Заев му реплицираше, истовремено давајќи и прекар на опозицијата, нарекувајќи ја дормео-опозиција.

-Нема топ-шоп влада, има дормео опозиција, затоа што преспавте додека се решаваа сите крупни прашања во државата, немате став. Немавте ни тронка храброст кога требаше без разлика на политичка кариера и перспективи да се носат одлуки за државата. Огромна е фрустрацијата и комплексот знам дека тоа боли. Нема повеќе ЈСП и парите, нема повеќе Орце Камчев да ви дава пари, нема да ги кршите законите, доаѓа време во кое со пријатели околу нас, како членка на НАТО низ поглавјата и преговорите отвораме сериозни економски перспективи на нашиот народ, одговори Заев.


Слично

Поврзани вести