Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието ќе гласа за државна помош по скратена постапка

Собранието ќе гласа за државна помош по скратена постапка

Пратениците од власта и опозицијата „чудотворно“ се договорија за време на денешната пауза во Собранието и попладнево по скратена постапка ќе ги гласаат законите од петтиот пакет за економска помош за граѓаните и претпријатијата за полесно справување со Ковид-кризата.

Собраниското мнозинство сепак ги послуша опозициските пратеници и го прифати нивниот предлог за "посебна" собраниска Седница посветена на законите од Петтиот пакет антиковид мерки

Експресно беше прифатена скратената постапка за Законот за финансика помош за исплата на помош на физичката лица кои вршат самостојна дејност за месеците февруари и март, Законот за финансиска поддршка за работодавачите за исплата на плати за месеците февруари и март и Законот за данок за личен доход.

Претпладне беше тензично во законодавниот дом, затоа што опозицијата имаше против одложувањето на сесијата за пратенички прашања. Од друга страна, владеачкото мнозинство го немаше потребниот кворум поради отсутни пратеници поради Ковид-19.

Едногласно „за“ гласаа 85, односно 86 присутни пратеници и ниту еден против.


Слично

Поврзани вести