Економија, финансии, бизнис

Контакт

Власис го кажа ставот како Македонија и Бугарија можат да ги надминат разликите

Власис го кажа ставот како Македонија и Бугарија можат да ги надминат разликите

Грција сака да се надминат разликите меѓу Бугарија и Македонија. 

Грчкиот заменик министер за надворешни работи Константинос Власис во интервју за бугарскиот дневен весник „Труд“, изјави дека Грција силно ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан. Вели дека единствен начин да се надминат разногласијата секогаш се дискусијата и дијалогот.  Како што јави дописникот на МИА од Софија, Власис за „Труд“ посочува дека  меѓу соседни земји и особено во регион како што е Балканот, каде што историјата поминала долг пат, неминовно има разлики. За грчко-бугарските односи, Власис вели дека Грција и Бугарија се пример за хармонична соработка во регионот и заедно го покажуваат патот по кој треба да се оди за да се надминат разликите од минатото. 

Премиерот Зоран Заев пак вели дека земјава не ја прифаќа декларацијата на бугарскиот парламент, за која нагласува дека не е тајна и е јавно објавена. Неизвесно е дали наскоро Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ. За да тоа се реалзиира потребно е да се тргне блокадата од Бугарија. 

Слично

Поврзани вести