Владо Мисајловски: Караџовски само се дере по телевизии, Владата да ја промени Комисијата
Пратеникот Владо Мисајловски на денешната собраниска пленарна седница за гласање за ребалансот на буџетот од говорницата ја повика Владата да го промени Жарко Караџовски како претседател на Комисијата за заразни болести, како и останатите членови во истата.
- Се дере на телевизии, вика за да не разубеди. Сметаме дека Комисијата треба да има најдобри луѓе за оваа тема, и да и помогнеме на економијата. И порачувам на власта да не се прават компромиси со економијата, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ за епидемиологот.
Поранешниот министер за транспорт и врски рече дека најавеното скратено време на угостителите е купи ден помини.
- Немате стратегија што ќе се случува следниот период. Ова се брзи постапки и брзи закони за гасење пожари, додаде Мисајловски.
