Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владо Јовановски се враќа на работа по амнестијата за 27 април

Владо Јовановски се враќа на работа по амнестијата за 27 април

Актерот Владо Јовановски во септември се враќа на работното место во Македонскиот народен театар откако на крајот од 2018-та беше амнестиран за упадот во Собранието на 27 април заедно со преостанатите водачи на „За заедничка Македонија“ - Богдан Илиевски и Борис Дамовски.

Јовановски во својот матичен театар ќе настапи по повеќе од две години пауза и ќе игра во претставата „Бесачи“ по текст на актуелниот британско – ирски автор Мартин Мекдона, а ја режира бугарскиот режисер Јавор Грдев, објави Пресинг ТВ.

Последен пат Јовановски требаше да настапи во 2017-тата година на претставата „Папагалот Историко“ која беше симната од репертоарот во Драмскиот театар, а во меѓувреме започна судскиот процес за „крвавиот четврток“.

Премиерата се очекува кон средината на месец септември 2019 година и ќе биде одиграна на големата сцена во МНТ.


Слично

Поврзани вести