Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владо Јовановски и Борис Дамовски повторно ќе гладуваат на рочиште

Владо Јовановски и Борис Дамовски повторно ќе гладуваат на рочиште


Службата на портирница не им дозволи на обвинетите  Владо Јовановски и Борис Дамовски да внесат бурек и сок, како и списанија, во новата зграда на Кривичниот суд на денешното рочиште за крвавите настани на 27 април лани во Собранието на Македонија.

Обвинетиот Борис Дамовски на тоа се спротивставил и рекол дека не може да биде забрането такво нешто затоа што тоа не се електронски уреди. Едниот од полицајците му рекол дека во судницата е дозволено само внесување вода, објави Макфакс.

Полицијата претходно го извади бурекот од чантата на актерот Владо Јовановски, со истото образложение дека не смее да го внесува во судската сала. На тоа Јовановски се насмевнал и рекол дека можеби во бурекот има опасни материи. Расправијата создаде мал метеж пред судската пријавница, по што обвинетите се упатија  во судницата.

На претходните рочишта одбраната на обвинетите се пожали дека рочиштата траат маратонски и често обвинетите се гладни, бидејќи истите траат од претпладне до доцна навечер.

Во предвид тоа го зема и Хелсиншки комитет и „Сите за правично судење“. Судијата што го води предметот рекла дека ќе побара од службите (притворските) да обезбедат ланч-пакети.

На денешното рочиште, според динамиката на судење, треба да бидат сослушани четворица сведоци предложени од обвинителството.


Слично

Поврзани вести