Владо Јаневски ќе биде погребан на 1 јули, на градските гробишта во Бутел
Авалон продукција, чиј долгогодишен соработник беше Владо Јаневски, соопшти дека погребот ќе се одржи во среда, на 1 јули на градските гробишта во Бутел.
„Добивме информација од семејството на Владо Јаневски и презедовме обврска истата да ја споделиме со пошироката јавност.
Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во среда (1 јули) во периодот од 10 до 11 часот.
Погребот ќе следи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел.
Има нешто посилно од сѐ“, се вели во објавата.
Фото: Вангел Тануровски
Слично
