Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владо Бучковски најави промена на учебниците по историја, географија, литература

Владо Бучковски најави промена на учебниците по историја, географија, литература

Специјалниот претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија , Владо Бучковски, во интервју за софиски „Дневник“, вели дека со Бугарија имаме заедничка, а не споделена историја.

Бучковски најавува дека во Македонија ќе се сменат учебниците по историја, по географија, па дури и по литература, само за да се добие датум за преговори со ЕУ.

Тој вели дека македонската страна сака преговорите да ги заврши за еден месец. Бучковски говореше и за говорот на омраза. 

„Не можеме да ги спречиме универзитетите или академиците, кои говорат од свое име, да прават штети. Во Македонија се бориме со тие провокации. Тоа ќе биде една од најделикатните задачи. Ќе треба да сме поупорни, зашто во говорот на омраза има сериозен список, што треба да прават едната и другата страна, повеќе македонската страна. Тоа е точката каде или ќе дојдеме до зголемување на довербата или повторно ќе имаме успеси и падови“, вели тој. 

Бучковски кажа дека ни фали конструктивноста во завршната фаза. 

Во меѓувреме, македонските и бугарските историчари не постигнаа никакво напредок во разговорите. 

Слично

Поврзани вести