Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владините седници ќе се држат телефонски или преку конференциска врска

Владините седници ќе се држат телефонски или преку конференциска врска

Владините седници ќе се одржуваат и телефонски или со коминикациска врска. Ова истото ќе важи и за клегиумите, како и за седниците на владините работни тела.

„Владата го усвои Предлог-деловник за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Владата, кој сега е дополнет со три нови одредби:

Во случај на итна и неодложна потреба за одржување на седница на работните тела на Владата, претседателот на работното тело може да ја отвори и води неговата седница со употреба на комуникациски средства - телефон или конференциска врска со употреба на интернет комуникација и софтверски алатки.

Во случај на итна и неодложна потреба за одржување на колегиум на државните секретари, генералниот секретар може да го отвори и води колегиумот со употреба на комуникациски средства - телефон или конференциска врска со употреба на интернет комуникација и софтверски алатки.

Во случај на итна и неодложна потреба за одржување на седница на Владата, претседателот може да ја отвори и води седницата на Владата со употреба на комуникациски средства -  телефон или конференциска врска со употреба на интернет комуникација и софтверски алатки“, се вели во владиното соопштение.

Слично

Поврзани вести