Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владините платежни картички на Уставен суд: Седница денеска

Владините платежни картички на Уставен суд: Седница денеска

Уставниот суд денеска ќе одржи седница, а на дневен ред е и Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓаните и вработените лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање домашна платежна картичка намената за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба.

И другите точки кои ќе се разгледуваат се поврзани со уредби носени во вонредна состојба. Меѓу нив и прашања поврзани со изборниот процес, како и одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба од 16 мај 2020 година

На дневен ред на 24-тата седница на Уставен суд се 16 точки, од кои прва е иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Член 353 став 5 од Кривичниот законик, кој предвидува казна затвор од минимум пет години за функционери кои го оштетиле буџетот со јавни набавки.


Слично

Поврзани вести