Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владиниот Совет за македонски јазик ја поддржува Унилатералната изјава

Владиниот Совет за македонски јазик ја поддржува Унилатералната изјава

Владиниот Совет за македонски јазик ја поддржува Унилатералната изјава доставена до Европската Унија(ЕУ) и Министерството за надворешни работи(МНР). 

„Литературниот/стандардниот македонски јазик конечно е кодифициран во 1945 година, како резултат на подолг процес на културна и писмена активност. Во согласност со сознанијата, затврдени со широкоприфатените теории и емпириските теренски истражувања на современата домашна и светска славистичка и лингвистичка наука, македонскиот јазик има свој историски, просторен и временски континуитет. Овој континуитет се заснова на посебниот развој на сите негови дијалекти и на неговиот дијалектен континуум, кои се распространети на целиот негов говорен простор. Во основата на современиот македонски стандарден јазик лежат централните говори на западното наречје, односно говорите на оската Битола – Прилеп – Велес“, се вели меѓу другото во соопштението.

Имаше бурни реакции на стручната јавност, која бараше повлекување на документот и составување на нов, поради како што велат, неточности со просторниот и временски континуитет на македонските јазик. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести