Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владиниот кабинет комплетиран: Кои се 16-те заменици министри?

Владиниот кабинет комплетиран: Кои се 16-те заменици министри?

Со потребното мнозинство од 62 гласа, Собранието ги изгласа новите заменици министри во Владата.

- Башким Хасани, е избран за заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана,

- Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи,

- Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии,

- Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда,

- Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците,

- Фатмире Исаки, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи,

- Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија,

- Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,

- Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство,

- Арафат Шабани, за заменик на министерката која раководи со Министерството за образование и наука,

- Енвер Хусејин, за заменик на министерката која раководи со Министерството за труд и социјална политика,

- Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа,

- Седат Сулејмани, за заменик на министерката која раководи со Министерството за култура,

- Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација,

- Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски и

- Христина Оџаклиеска, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Пред да бидат именувани, премиерот Зоран Заев, ја пбразложи предлог-листата со 16 заменици-министри, и изрази уверување дека кандидатите, совесно и со најголема посветеност и одговорност ќе ги извршуваат своите работни обврски согласно законот и определбите на Владата за остварување на нејзината Програма и за остварување на стратешките интереси, како и интересите на сите нејзини граѓани.
-Сега е време да доработиме и да сработиме. Да ја исполниме нашата обврска да го испорачаме ветеното. Заедно со вас пратениците, со граѓаните, да продолжиме да пишуваме успешни страници за иднината, на нашата демократија и заедно да го чекориме патот до подобра иднина за сите, истакна премиерот Заев на собраниската седница, на која подоцна беа изгласани замениците-министри во Владата. 


Слично

Поврзани вести