„Владини претставници на следното патување преку океанот да патуваат еден месец со брод од Италија“: Славески со бурна рекација „гол популизам“
По бројните викенд препукувања околу класата во која патувала македонската делегација предводена од премиерот Хрстијан Мицкоски во Соединетите американски држави пред кратко време, утрово со остра реакција се јава и професорот Трајко Славески, член на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој преку совојот „Х“ профил порача дека реакциите на опозиционерите се само чист популизам.
- Опозициската СДСМ протестира зошто премиерот и неколку владини министри на неодамнешното патување во САД со авион користеле бизнис класа. Можеби сакаат високите владини претставници на следното патување преку океанот да патуваат еден месец со брод од италијанското пристаниште Џенова, откако претходно со воз втора класа би пристигнале до брегот на Италија.
Не сум сигурен дека ваквото патешествие би било поефтино за македонските даночни обврзници. Сигурно во Владата, од некој претходен состав, постои правилник со кој е уредено кој може да користи бизнис класа при патување со авион, и под кои услови. Тоа од СДСМ не го кажуваат. Многу е веројатно, а така било и во минатото, високи владини функционери да може да патуваат со бизнис класа на прекуокеанските летови - истакнува Славески на социјалната мрежа.
Потоа дополни дека престојот, конкретно во САД, каде што покрај институциите на американската влада се наоѓаат седиштата на ООН, Светска банка, ММФ и други значајни меѓународни институции, според однапред утврден план и насочен кон постигнување одредена цел од интерес за државата, вообичаено трае неколку дена. Истакнувајќи дека тоа не се туристички патувања, „затоа што обврските дома постојано притискаат“.
- Вообичаено, за САД се лета од некој од поголемите западноевропски аеродроми, или од Истанбул. Се пристигнува истиот ден меѓу 15:00 и 16:00 часот, по локално време на источниот брег - Њујорк или Вашингтон, што значи доцна навечер околу 22:00 часот по централноевропско (наше) време. По правило, првите средби, состаноци, конференции и сл. се закажани непосредно по слетувањето во периодот 17:00-18:00 часот по локално време. Од аеродромите Кенеди, Далс или Њуарк се оди директно на состанок. За да можат нашите претставници да бидат продуктивни уште од првиот ден по пристигнувањето на крајната дестинација, неопходно е да патуваат со бизнис класа - појаснува професорот.
Потоа посочи дека „овој оддел во авионите, каде што навистина се плаќа два до три пати повисока цена од “економи” класата, е наменет токму за таков тип на клиентела која во ограничен временски период треба да оствари амбициозна агенда, во интерес на некоја компанија или државен интерес“.
- Погодностите сврзани со приоритет при чекирање и влегување во авион, можноста за засолнување од гужвите по аеродромите во посебни простории (салони) додека се чека за влегување во авионот, а најмногу колку-толку заштитата од постојан плач на деца за време на летот, се вредни за цената што се плаќа. Дополнително, за време на летот може нешто и да се сработи, вклучително и подготовки за предвидените настани.
БИЗНИС КЛАСА
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) July 22, 2024
Опозициската СДСМ протестира зошто премиерот и неколку владини министри на неодамнешното патување во САД со авион користеле бизнис класа.
Можеби сакаат високите владини претставници на следното патување преку океанот да патуваат еден месец со брод од италијанското… pic.twitter.com/PgO79u6Oqg
