Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владини претставници лобираат за добивање датум за преговори

Владини претставници лобираат за добивање датум за преговори

Повеќе владини претставници лобираат за добивање датум за почеток на преговори, за што одлука ќе има деновиве. 

По министерот за надворешни работи, Никола Димитров кој уште од неделата е во Брисел, утре во Луксембург ќе отпатува вицепремиерот Бујар Османи, а в среда ќе им се приклучи и премиерот Зоран Заев. 

Димитров во Брисел денеска имаше настап и пред Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент.

„Ова е нашиот состанок со историјата, на кој се очекува донесување на долгоочекуваната и како што е потврдено од многумина, заслужената историска одлука за почеток на преговори со ЕУ“, порача пред европарламентарците Димитров.

Тој смета дека ние треба да почнеме преговори за доброто на идните генерации. 

Неизвесно е дали Франција ќе одобри почеток на преговори за Македонија. 

Слично

Поврзани вести