Владини функционери го затворија „Охридско лето“ со претстава на Чехов
„Охридско лето" синоќа беше свечено затворено со изведбата на безвременската театарска претстава „Вујко Вања" на Антон Павлович Чехов.
Со театарска претстава во изведба на Југословенски драмски театар – Белград, се заокружуваат изминатите 40 успешни фестивалски денови од „Охридско лето“.
Манифестацијата што се одржува низ автентичните охридски локалитети го завши своето 62. издание како наша најстара и најзначајна музичко-сценска манифестација.
На затворањето присуствуваа министерката за одбрана Славјанка Петровска и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.

Слично
