Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владината фасада се уште без натпис по тргнувањето на буквите, познато кога ќе се вратат

Владината фасада се уште без натпис по тргнувањето на буквите, познато кога ќе се вратат

Буквите кои беа извадени од натписот на владината фасада на 11 февруари ќе бидат поставени по претседателските избори кога треба да биде испишан натписот со новото уставно име, изјави денеска генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

„Тоа е процедура што налага тендерски постапки и можете да очекувате тоа да се случи по завршување на изборите, согласно тоа дека за време на избори тендерски постапки што не се во годишниот план за јавни набавки не може да се спроведуваат, рече Рашковски.

Буквите од фасадата беа отстранети на денот кога пред Владата се крена и знамето на НАТО покрај македонското, односно веднаш по стапувањето во сила на Договорот од Преспа.

Владата го промени своето официјално име, но буквите не се вратени се уште. Тие беа тргнати во раните утрински часови.

Тогаш беше најавено дека натписот ќе биде поставен на владината фасада откако во Службен весник ќе биде објавено дека Грција го ратификувала Договорот од Преспа и протоклот за членство на Македонија во Алијансата.


Слично

Поврзани вести