Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владина седница во Куманово, министрите и на терен

Владина седница во Куманово, министрите и на терен

Денеска Владата ќе ја одржи 171. седница ама во Куманово, во Занаетчискиот дом.

Оттаму соопштуваат дека со оваа трета седница во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата, ќе претседава Претседателот на Владата Зоран Заев, и на неа ќе присуствуваат сите министри во владата, а како гости ќе учествуваат и градоначалниците од регионот.

„На оваа седница приоритет ќе добијат информациите и одлуките за проекти од непосреден интерес на граѓаните на општините од регионот.За таа цел, во текот на денот, на седницата ќе ѝ претходат повеќе теренски активности, стои во известувањето.

Претходно, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, ќе извршат увид во работите на рехабилитацијата на регионален пат Куманово - Св. Николе. Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја посети општата болница во Куманово, а попладне ќе има средба и со пензионери од Куманово. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ќе ја посети компанијата за месна индустрија Никси, како еден од корисниците на ИПАРД програмата. 

Доцна попладнето министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, ќе се сретне со корисници на социјална пензија од Куманово и регионот. 

Слично

Поврзани вести