Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владимир Панчевски не ги исполни условите за државен јавен обвинител

Владимир Панчевски не ги исполни условите за државен јавен обвинител

Поранешниот судија Владимир Панчевски не ги исполнува посебните услови за да се кандидира за државен јавен обвинител.

Советот на Јавното Обвинителство утврди дека тој има стаж но е непрекинат. Членовите беа едногласни дека тој не ги исполнува условите и за него на денешната седница Советот нема да даде мислење 

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1 официјално поднесе кандидатура за функцијата Државен јавен обвинител на Република Северна Македонија. Во пријавата доставена до Собранието, Панчевски наведува дека ги исполнува сите општи и посебни законски услови за извршување на оваа висока функција.

Владимир Панчевски има контроверзно минато како поранешен претседател на скопскиот Кривичен суд. Најсериозните обвинувања против него се однесуваа на злоупотреба на Автоматизираниот систем за распределба на судски предмети (АКЦМИС). Според обвинението поднесено против него, во периодот додека раководеше со Кривичниот суд, тој незаконски влијаел врз распределбата на предметите, со што се овозможувало тие да завршуваат кај однапред одбрани судии. За ова дело беше осуден на затворска казна, иако предметот помина низ повеќе судски инстанци и повторувања на постапката.

Судскиот совет тогаш го разреши Панчевски од судиската функција, оценувајќи дека неговото постапување сериозно го нарушило угледот на судството. Во јавноста беше забележан и друг случај, во кој против него беше изречена пресуда за мобинг кон судски службеник.


Слично

Поврзани вести