ВЛАДИМИР ГЛИГОРOВ: Името и замрзнатите конфликти
Ивица Дачиќ се закани дека ќе го промени официјалното име на Македонија за Србија во БЈРМ, „како што ја вика целиот свет“, вели тој. Ова второто не е точно, но не е ни многу важно, пишува економистот и политолог, Владимир Глигоров, син на првиот македонски претседател Киро Глигоров, пренесува Нови магазин.
„Ова, не е важно или веќе не е важно, му се „испушти“ на министерот за надворешни работи или на целото министерство, или за целата Влада, посебно дали така мисли и претседателката на Владата. Првата работа е дека станува збор за привремено име, кое новата македонска Влада, колку што сум во состојба да разберам, би била во состојба да го прифати за трајно. Нема потреба да ги заморуваме читателите зошто е тоа име и за кого е привремено, што би требало да го знаат во српското МНР, него го користат во меѓународните организации, повеќе од третина од земјите во светот, и Грција, но тоа не е важно. Е сега, ми се чини дека новата македонска Влада е подготвена да каже: Во ред, нека биде тоа постојано име за земјата која ние ја викаме Република Македонија, ајде да видиме како стојат работите со членство во НАТО, и почеток на преговорите со ЕУ. Друга причина која ја поддржува првата е дека треба да се забележи дека името БЈРМ ја квалификува земјата како Македонија. По ова на македонските власти и граѓани може да им биде сеедно дали ќе се вика Горна, Северна или Вардарска Македонија. Воопшто не е сигурно дека Грција привременото име би го прифатила како постојано. Но, би имало смисла и би било далекувидно ако тоа го направи“ - пишува тој.
Целиот текст можете да го прочитате овде.
