Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владимир Божиновски: ВМРО-ДПМНЕ нема одма да бара парламентарни избори

Владимир Божиновски: ВМРО-ДПМНЕ нема одма да бара парламентарни избори

Аналитичарот Владимир Божиновски смета дека ВМРО-ДПМНЕ по победата во повеќето оопштини во првиот и вториот лкруг од локалните избори нема да брза со барање на предвремени парламентарни избори.

Божиновски алудираше на тоа дека на опозицијата сега не и одговара да ја превземе власта во ситуација кога треба да се справува со можен нов епидемиолошки бран и енергетска криза. Во овој контекст во декември претстои европски самит на кој треба да биде одлучено дали Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ.

- Мислам дека најрано ќе има парламентарни избори следната година, во јуни. Затоа што сега на есен е можен нов ковид-бран и криза во енергетиката, рече координаторот на центарот за изстражување на јавното мислење на ИПИС во студиото на „Сител“.


Слично

Поврзани вести