Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДИКАТА ПЕТАР САМ НА СЕБЕ СИ ЈА „ПРОДАДЕ“ ТЕЛЕВИЗИЈАТА - еве кој ќе фигурира како сопственик на „Вистел“

ВЛАДИКАТА ПЕТАР САМ НА СЕБЕ СИ ЈА „ПРОДАДЕ“ ТЕЛЕВИЗИЈАТА - еве кој ќе фигурира како сопственик на „Вистел“

Владиката Петар лично е сопственик на регионалната телевизија „Вистел“.

Ако досега газда на телевизијата беше неговата фирма „Преобразба“, каде Владиката Петар се јавува како основач и управител, од денеска и формално, како физичко лице е единствен сопственик на телевизијата, која зрачи во етерот веќе неколку месеци. 

На денешната седница на Советот на Агенцијата за медиуми едногласно беше одобрена промената на сопственичката структура, со која лицето Петар Каревски, односно Митрополит Петар, лично застанува на чело на тој медиум. 

Инаку, Владиката Петар се јавува како сопственик на телевизијата со основачки влог од 5.000 евра во денарска противвредност, што е всушност минималниот основачки влог. 

Казко што на самиот старт најави Фактор, во февруари оваа година, беше објавено дека нова телевизија ќе зрачи во етерот на скопскиот регион, откако тогаш Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му одобри на друштвото „Преобразба“ да отвори телевизиски канал, што ќе се емитува преку кабелските оператори во Скопје и околината - регион кој е и по број на жители најголем, но и економски најмоќен во државата.

Тогаш објавивбме дека зад овој медиум стои Митрополитот преспанско-пелагониски, Владиката Петар, кој со своето световно име Петар Каревски, е основач и сопственик на ДПТУ „Преобразба“.

Телевизијата доби дозвола за општ, претежно забавен формат, каков што имаат најголемиот дел од телевизиските станици во државава.

Во Одлуката на Советот на АВМУ, меѓу другото, стои дека „се доделува дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно забавен општ формат, на македонски јазик, на регионално ниво Скопје, што ги опфаќа градот Скопје и општините Чучер сандево, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани и Сопиште, на правното лице ‚Преобразба“. Дозволата се доделува на временски период од девет години, стоеше во одлуката.

Со работа, пак, телевизијата стартуваше на први мај оваа година. Една од првите емисии беше и еден документарен филм со Македонци кои патуваат во Русија да бараат жени. Во еден дел од филмот се појавува и Владиката Петар, во сцена од црква.

Како што е познато, владиката Петар порано беше еден од иницијаторите Македонци во делови од Македонија каде што има повеќе мажи од жени поради што остануваат неоженети да си ја побараат среќата со христијанки од другите православни земји каде што има поголема женска популација отколку машки.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести