Владиката Петар пред Божиќ побара да се намалат слободните бракови и абортусите
Владиката Петар, познат по своите мошне конзервативни ставови, во својата порака пред божиќните празници им порача на мајките да не прифаќаат слободни неформални бракови и абортирање, критикувајќи ги ЛГБТ правата и „лажната либерална слобода“.
„Прифаќајќи ја таа либерална слобода, семејствата катастрофално се распаѓаат и уништуваат“, вели Петар, додавајќи дека мајките дека мечтаејќи првенствено за удобност, конфор и кариера, треба да знаат дека најголемата кариера се здравите деца и силното семејство.
Тој беше честа критика на социјалните мрежи пред две недели кога им порача на младите „Или рано да се венчаат, или да се замонашат в манастир“.
„Семејството кое изобилува со деца, воспитани, научени на набожноста, скромноста и благочестието е редок и скапоцен бисер на чија убавина секој се радува. Ваквото семејство е извор на радост, љубов и утеха, дрво насадено врз воден извор, чии гранки се разгрануваат до Царството Небесно“, вели меѓу другото Владиката Петар во Божиќното обраќање.
