Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДИКАТА ПЕТАР: Ќе ни помогнат „браќата Грци“ со тоа што нема да отстапат од црвените линии

ВЛАДИКАТА ПЕТАР:  Ќе ни помогнат „браќата Грци“ со тоа што нема да отстапат од црвените линии

Господ да ни е на помош, зашто без Господа оваа татковина и нашата нација и црква нема да опстојат, изјави митрополитот Преспанско - пелагониски Петар на протестот за одбрана на името. 

Смета дека најмногу ќе ни помогнат „браќата Грци“ со тоа што нема да отстапат од црвените линии. 

„Само Господ може да ја спаси Македонија, во оваа ситуација кога сме понижени до тој степен. Ние самите да си направиме наше конечно и духовно и национално опстојување. Во голема мера има забелеша на МПЦ дека не се труди за националниот идентитет, но не е така. Жалам што ќе кажам дека некои медиуми не ги објавија ставовите на МПЦ, а други тивко го соопштија па никој не разбра каков став донесе МПЦ на 26 декември 2017 година“ - вели тој. 

Порача дека едно име имаме. Според него, соседите, САД и НАТО сакаат сами да си го смениме името.

Слично

Поврзани вести