Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДИКА АГАТАНГЕЛ: Да бидеме достоинствени, да си го чуваме името

ВЛАДИКА АГАТАНГЕЛ: Да бидеме достоинствени, да си го чуваме името

Ние, Македонците, исполнети со голема љубов, со големо трпение, со големо милосрдие, братољубие и човекољубие им кажуваме на сите – не, Македонија е нашата земја, нашата татковина, нашата душа. Името на државата е името на црквата македонска, душата на македонскиот народ, рече владиката Агатангел на протестот пред Собранието. 

Порача да бидеме достоинствени, да си го чуваме името, нашиот македонски јазик, идентитет, унитарниот поредок  и да го чуваме името на нашата света македонска црква. 

„Нашата сакана земја македонска е распарчена на три дела – беломорска, пиринска и вардарска. Му благодариме на Господа што ни го сочува овој вардарски дел, ни го даде за да можеме како народ македонски да се издигнеме духовно и да ги зачуваме спомените на нашите прадедовци кои лежат во нашата македонска земја. Секоја педа од македонската земја, и во Пирин и во Егеј, е натопена со македонска крв. Секој камен да го кренеш ќе го слушнеш плачот на каменот за пролеаната крв на нашите дедовци и прадедовци и на нашите браќа и сестри“ - изјави владиката Агатангел.

Тој рече дека Македонците се свет народ и дека никој не може Македонија да ја избрише од Библијата. 

Слично

Поврзани вести