Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владиците Петар и Григориј биле гости во руската амбасада

Владиците Петар и Григориј  биле гости во руската амбасада

Владиците Петар и Григориј  биле гости во руската амбасада на Денот на Русија.

Амбасадата на Русија во земјава одржа државен прием по повод рускиот национален празник – Денот на Русија, на кој присуствувале и владиците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, преспанско-пелагониски Петар и кумановско-осоговски Григориј.

Во својот говор, рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, меѓу другото, изјавил дека Русија е среќна за возобновувањето на евхаристичкото заедништво откако минатата година Руската православна црква прва по одлуката на Српската православна црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА.

Откако лани Русија ја нападна Украина, руската амбасада во Скопје упати закана дека „евидентираат“ неистомисленици, етикетирани како „русофоби“.

фото Фејсбук амбасада на Русија во Македонија

Слично

Поврзани вести