Владејачката партија уште еднаш ветува - прочистување на правосудството, разрешување за судии што застаруваат предмети
Владејачката СДСМ уште еднаш ветува правда за сите граѓани и темелно прчистување на правосудството, како и нетолерирање за судиите кои ќе застаруваат предмети.
Приоритет на Владата предводена од СДСМ е целта која ја зацрта заедно со граѓаните – градење на силна ефикасна правна држава која бескомпромисно ќе се бори против криминалот и корупцијата, држава која гарантира независен правосуден систем, пишуваат во денешното соопштение од СДСМ.
„Ред, правда и дисциплина мора да има во Република Северна Македонија. Сега следува процес на целосно и темелно прочистување на правосудството.
Судиите кои намерно застаруваат предмети по автоматизам ќе бидат разрешувани, предметите ќе се следат електронски, па ако се утврди дека некој во правосудството не постапувал со цел да застари предметот, тој судија или обвинител ќе биде разрешен по автоматизам.
Ќе се врши детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители, како и ревизија на 5 отсто од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.
Поради неопходноста на ред и дисциплина во сите институции, отчетност и транспарентност на службите,се воведува законска обврска за јавна објава на трошоците на сите функционери во централната, локалната, но и судската власт“, се вели во соопштението од социјалдемократите.
Додаваат дека судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат правда и конечно да почне да се применува законот за сите подеднакво. Законот за Јавно обвинителство гарантира дека политиката не може да интервенира во судските одлуки и дека сите предмети од висок криминал и корупција ќе имаат завршница.
СДСМ и пред да ја формира Владата значаен акцент ставаше на најавите за прочистување на судството, но сега се чини дека на ова ставаат уште понагласен акцент, откако јавноста се крена на нозе по усовната пресуда за смртен случај за сообраќајката од пред две години за млешен ресторан.
