Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА ЗА ПРОВОКАЦИЈАТА ОД КАРАКАЧАНОВ: Вакви изјави се недостојни и недолични

ВЛАДАТА ЗА ПРОВОКАЦИЈАТА ОД КАРАКАЧАНОВ: Вакви изјави се недостојни и недолични

Владата реагира на изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов кој изјави дека ќе прати полк да ги урне спомениците во Скопје. 

Од Владата ја осудуваат изјавата на Каракачанов кој пред неколку дена во радио интервју порача дека е подготвен да ја испрати бугарската војска во Македонија да ги сруши сите споменици на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“.

„Вакви изјави се недостојни и недолични. Може само да изразиме оптимизам дека тоа не е став на мнозинството граѓани и на академската заедница во Бугарија. Треба да се разграничи тоа што е работа на политичарите од работата на Мешовитата комисија за историски прашања“, изјави Душко Арсовски, портпарол на Влада.

Заканите не се начин на комуникација помеѓу две земји сојузнички во НАТО алијансата, возврати и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. 

Протестна нота засега нема. 

„Во Скопје, тие се обидуваат да се вратат 1.000 години наназад за да и дадат легитимитет на теоријата за Коминтерна и по 1944 година за Титова Југославија“, вели Каракачанов во интевјуто за „Дарик радио“. 

Тој вели дека Македонија мора да се придржува до договорот што го потпиша пред три години, и дека не треба да се потпише нов договор.

Слично

Поврзани вести